Утрински Весник
Спорт

Де Јонг би ги одбил Баерн и Манчестер јунајтед поради лошата клима

Де Јонг би ги одбил Баерн и Манчестер јунајтед поради лошата клима

Френки Де Јонг еден од недопирливите во Барселона, може да го напушти клубот во наредниот преоден рок. Барселона е во финансиска криза, поради што бе размислување би прифатиле понуда од 90 до 100.000.000 евра.

Дека е можно Холанѓанецот да замине од „Ноу Камп“, потврдува и изјавата на неговиот татко, дека пет врвни европски клубови се распрашувале за услугите на Де Јонг.

Таткото веднаш елиминирал два, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.

„Во тие градови климата е лоша. Секако дека во преден план е фудбалот, но кога ќе бирате клуб важна е и климата“, рекол таткото на фудбалерот.

Сепак тој не верува дека неговиот клуб ќе ја напушти Барселона.

„Знам дека на Барселона и се потребни пари и дека клубот може да заработи од неговиот трансфер, но не верувам дека тоа ќе се случи во блиска иднина“.

> Де Јонг би ги одбил Баерн и Манчестер јунајтед поради лошата клима <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0