Утрински Весник
Спорт

Де Лихт сакал да игра „Сарибол“ со Јувентус, разочаран од дефанзивната игра во Италија

Dik 300x250 mk

Матијс де Лихт открива дека се приклучил на Јувентус за да работи под тренерот Маурицио Сари, кој за жал, „траел само една година“ и дека не му одговарало темпото на игра во италијанската Серија А.

dobivaj vesti na viber

Де Лихт присигна во Торино во 2019 година за 85.5 милиони евра од Ајакс во 2019 година, но ова лето се пресели во Баерн Минхен, јасно искажувајќи ја желбата да замине од Јуве.

„Кога одите во тим со легенди како Буфон, Кјелини и Бонучи, тешко е да се искажеш кога си млад. Научив многу од тие момци и станав подобар фудбалер. Во Италија има целосно поинаков стил на одбрана. Во Ајакс вршите пресинг, ризикувте, во Јувентус се грижите што е зад вас. Темпото на игра во Италија исто така е поспоро. Тие освоија четири светски титули со овој стил на игра и сфаќам зошто мислат дека тоа е вистинскиот наачин. Но, јас дојдов во Јувентус со идеја дека ќе играм понапаѓачки фудбал, бидејќи Маурицио Сари беше тренер и направи добро име за себе во светот на фудбалот, со одлична игра со Наполи и Челси. Очекував стил како во јакс, но за жал, тој си замина по една година“, вели Де Лихт во интервју за „ЕСПН“.

Можете да прочитате

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Вардар перфектен, прв пораз за Алкалоид

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион