Гувернерот на Флорида Рон де Сантис им посака добредојде на фановите на УФЦ 261 во „оазата на слободата“, откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт го исполни ветеното и прв од големите американски спортови ќе се врати со полн капацитет на гледачи по пандемијата на корона вирусот.
Во сабота навечер, 15.000 фанови ќе се соберат во „Вистар ветеран меморијал“ арената во Џексонвил, каде што маските нема да бидат задолжителни, и ќе уживаат во програма со три меча за титула, вклучувајќи го и дуелот на Хорхе Масвидал против шампионот во велтер категоријата, Камару Усман.
„Кога почна оваа работа со КОВИД ви кажав дека ќе бидеме првите! Ви кажав дека ќе поминеме преку ова. Ни беше потребно место за тоа, а Флорида беше лидер во отварањето и во враќањето на спортот. Без нивна помош ова немаше да биде возможно. Ова е монументален момент во мојата кариера“, изјави Вајт.
HOLY SHIT I CANNOT WAIT!!!!!!! pic.twitter.com/ZJtJTNkewk
— danawhite (@danawhite) April 21, 2021
> Дејна Вајт вети и оствари – утре УФЦ пред 15.000 гледачи! <