Утрински Весник
Спорт

Дејан Станковиќ ќе биде тренер на Црвена Звезда и во наредните три години

Српскиот првак Црвена Звезда го продолжи договорот со тренерот Дејан Станковиќ до 2025 година. И покрај најавите од минатата зима дека на крајот од актуелната сезона би можело да дојде до разделба меѓу Црвена звезда и Дејан Станковиќ поради поканата што српскиот стручњак ја доби од Италија, сепак се случи спротивното.

Самиот истакна дека сака и следната сезона да биде тренер на тимот и тоа ќе му биде исполнето.

„Се чувствувам феноменално. По многу добра и тешка сезона, направивме голем успех и потпишувањето на договорот е потврда дека заедно можеме да направиме се, да размислуваме позитивно за иднината. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за нивната доверба и трпение. Беа убави овие две и пол години, а сега започнува нов и уште посилен циклус. Ова е само потврда дека клубот верува во мене уште од првиот ден, па правиме силна целина. Исто така би сакал да им се заблагодарам на моите момци, без нив ни јас не би бил комплетен. Благодарам и на навивачите кои секогаш беа со мене и ја даваа својата поддршка. Заедно можеме да направиме се“, изјави Дејан Станковиќ.

Црвена Звезда ја освои шампионската титула во Србија, а ќе игра против Партизан и во финалето на Купот.

> Дејан Станковиќ ќе биде тренер на Црвена Звезда и во наредните три години <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина