Утрински Весник
Свет

Децата во Флорида суперпреносители на вирусот, бројот на заразени се зголемил за 137 отсто

Децата во Флорида суперпреносители на вирусот, бројот на заразени се зголемил за 137 отсто

За еден месец, бројот на деца со коронавирус на Флорида се зголемил за 137 проценти, покажуваат официјалните податоци објавени денес.

Во периодот од 9 јули до 9 август, бројот на деца на возраст до 17 години заразени со Ковид-19 од 16.797 пораснал на 39.735.

Во истиот период, бројот на хоспитализирани деца се зголемил од 213 на 436, односно за 105 проценти, пренесува Си-ен-ен.

Процентот на заразени деца на Флорида во претходниот месец е значително поголем отколку на национално ниво, каде што зголемувањето е 90 проценти.

Сепак, децата имаат полесни симптоми и побрзо го надминуваат вирусот.

Според Си-ен-ен, процентот на деца кои се хоспитализирани варира од 0,5 до 5,3 отсто, а смртноста од Ковид-19 кај децата е 0,4 проценти.

„Децата под пет години можат да бидат суперпреносители на вирусот на други лица. Се покажа дека имаат илјада пати повеќе вируси во носот отколку што е потребно за да ги заразат другите. Затоа тие се многу, многу опасни”, вели професорот од Харвард, Вилијам Хејстлин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Неверојатно: Австралиски пратеник испи пиво од патика по неговиот проштален говор

ЕК најавува мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации

Четири земјотреси за еден час го стресоа Исланд