Утрински Весник
Свет

Во Унгарија нормален почеток на учебната година: „Не може училниците да останат празни“

Во Унгарија нормален почеток на учебната година: „Не може училниците да останат празни“

Новата учебна година во Унгарија ќе започне на вообичаен начин, а училиштата ќе се отворат на 1 септември, соопшти денеска унгарското Министерство за човечки ресурси.

Според унгарските власти, епидемијата на коронавирус не е оправдување за дигиталното образование да ги замени училниците.

Во соопштението од ресорното министерство се наведува дека ќе бидат воведени нови мерки доколку владата и релевантните органи сметаат дека е потребно.

До училиштата ќе биде испратен протокол за превенција од коронавирус, а родителите не треба да испраќаат на училиште деца со симптоми на Ковид-19.

Според уредбата на владата што ќе биде објавена наскоро, новата учебна година во Унгарија започнува на 1 септември и завршува на 15 јуни 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Началник на Генералштабот на иранската армија: Хормуз е под наша „целосна контрола“

Руски војници масовно се предаваат по акцијата „Вивалди“ на украинската армија

Обилни дождови и поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица