Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Децата во Русија историја ќе учат од прво одделение

Децата во Русија историја ќе учат од прво одделение
Img 7972

Учениците во руските училишта ќе почнат да учат историја уште во прво одделение во основно училиште, изјави рускиот министер за образование Сергеј Кравцов.

„Ќе направиме сè за да ја зачуваме историската меморија. Одлучив учењето историја во училиштата да започне од прво одделение“, рече Кравцов.

Во моментот, учениците во Русија ги имаат првите часови по историја во петто одделение.

Руските власти постојано тврдат дека некои странски земји се обидуваат одново да ја испишат историјата.

Самиот Путин истакна дека Москва е должна да обезбеди зачувување на вистината за Втората светска војна, која во Русија ја нарекуваат Голема патриотска војна и да се спротивстави на обидите за фалсификување на историјата, пишува руската новинска агенција РИА Новости.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори