Утрински Весник
Македонија

Дехари: Преземавме мерки да го изолираме случајот, да бидеме уште по внимателни по олеснувањето на мерките

Дехари: Преземавме мерки да го изолираме случајот, да бидеме уште по внимателни по олеснувањето на мерките

Кичево, 29 мај 2020 (МИА) – По информација за првиот резидентен случај во општина Кичево со коронавирус, која беше објавена од градоначалникот Фатмир Дехари, попладнево заседаваше Кризниот штаб кој донесе одлука да се преземат превентивни мерки во насока за изолирање на случајот.

Градоначалник Дехари, информираше дека по овој случај имал контакти со министерот за здравство, Институтот за јавно здравје во Битола и вработените во болницата, кои гарантирале дека сомнителните случаи се во изолација, како и дека сите членови кои имале контакти со заразениот со „Ковид-19“ ќе бидат тестирани.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, изразувајќи благодарност до граѓаните кои скоро три месеци биле пример за сите други градови, апелира да не се занемари оваа состојба, особено сега по олеснувањето на мерките. Тој побара жителите на Општина Кичево да покажат трпеливост, зрелост и грижа како до сега.

Тој информира дека е во постојан контакт со сите институции, во својство на шеф на Кризниот штаб и дека најдобриот лек или доктор за оваа пандемија е самодисциплината на секој од нас.рз/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје