Утрински Весник
Македонија

Дехари: Го поддржувам предлогот за укинување на изолацијата за дијаспората при влез во земјава

Дехари: Кичевските училишта одговорија на повикот за формално учење од далечина

Кичево, 20 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари денеска изјави дека ја поддржува иницијативата на министерот за економија Крешник Бектеши кој бара олеснување за дијаспората при враќање во државава.

Дехари вели дека иницијативата на Бектеши, за укинување на 14-дневната мерка за изолација за нашите сограѓани од дијаспората треба да биде поддржана од сите.

-Ваквото олеснување е можност нашите сограѓани да се вратат во својата татковина без никакви пречки. Ова позитивно ќе влијае на растот на државниот и локалниот развој на економијата.Тие се наши родители, наши браќа и сестри, тие заслужуваат повеќе од секој да имат институционален третман и олеснување , вели Дехари, објаснувајќи ја поддршката на предлогот што ќе биде испратен до Комисијата за заразни болести за да се олесни протоколот за пристигнување на печалбарите во земјата.рз/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поставен 25 метарски крст- чувар во Општина Ранковце

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ застана против интересот на земјоделците со одбивањето на нашите амандмани

Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија. Унгарија ја потврди поддршката за справување со пожарите