Утрински Весник
Македонија

Дете нападнато со нож во основно училиште во Гостивар

Дете нападнато со нож во основно училиште во Гостивар

Малолетник бил нападнат со нож од страна на негов другар во основно училиште.

Како што информираат од полицијата, настанот се случил вчера, а во присуство на родител бил извршен разговор во полициска станица.

„На 11.02.2022 во 16.50 часот во Полициска станица Гостивар малолетник од с.М.Турчане, гостиварско, пријавил дека околу 15.25 часот додека бил во основно училиште, бил повреден со остар предмет од негов другар, со кого подоцна, во присуство на родител, е извршен службен разговор во Полициска станица Гостивар“. велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Трагедија во Хрватска: Загина возач на камион од Македонија

ДУИ: Изет Меџити е промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Албанците

ВЛЕН: Вечните „љубители на фотелји” од ДУИ не знаат да живеат во опозиција