Утрински Весник
Македонија

Дете загина во пожар во зграда во Гостивар, жена пренесена во болница со тешки повреди

Дете загина во пожар во зграда во Гостивар, жена пренесена во болница со тешки повреди

Малолетно дете загина во пожарот кој избувна во станбена зграда во Гостивар. Детето било извадено од опожарениот стан, каде им подлегнало на повредите.

Тоа е пренесено во Општата болница во Гостивар, а обидите за реанимација биле неуспешни.

Со тешки повреди се здобила жена над 30 години, на која и’ се укажува помош во болницата.

„Првичните информации се дека во 8 часот утрово во СВР Тетово е пријавено дека во стан на трети кат во Гостивар избувнал пожар. Како последица на пожарот две лица имале сериозни здравствени потешкотии, пренесени се во општата болница во Гостивар, при што е констатирано дека едно од двете лица, малолетно, починало. На лице место е јавен обвинител и СВР Тетово. Со интервенција на противпожарната единица пожарот е локализиран. Ќе се утврдуваат причините“, велат од СВР Тетово.

Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале пожарот. Првичните сознанија се дека пожарот се појавил во една од собите на станот во кој престојувало повеќечлено семејство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег