Утрински Весник
Македонија

Детали за убиството во Струмица: Расправија за паркинг-место причина за тепачката

Основното јавно обвинителство Струмица спроведе истрага против три лица – двајца мажи и една жена, за убиството на 22-годишното момче во Струмица.

dobivaj vesti na viber

Во попладневните часови на 5 јули, на улицата Бетовенова во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени.

Расправијата започнала за паркинг-место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега починатиот. Тој паднал на земја и починал на лице место. Кога членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат на оштетениот, осомничените и нив ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди – убодни рани со нож.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени синоќа им определи притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Мециновиќ: СДСМ здружено со ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

Уапсени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, двајца со активна забрана