Утрински Весник
Свет

Десничарскиот блок ќе го поддржи Берлускони за претседател на Италија

Десничарскиот блок ќе го поддржи Берлускони за претседател на Италија

Италијанскиот централно-десничарски блок ќе ги поддржи напорите на поранешниот премиер Силвио Берлускони да стане претседател на Италија, изјави денеска лидерот на десничарската партија Лига, Матео Салвини.

Италијанскиот парламент ќе се состане на 24 јануари за да започне гласањето за нов шеф на државата кој би го заменил Серџо Матарела во заминување, објави „Ројтерс“.

Се очекува лидерите на десниот центар да разговараат за ситуацијата на состанокот закажан за утре.

„ Десничарскиот центар е цврст и едногласен во поддршката на Берлускони, нема да го прифатиме идеолошкото вето на левицата“, рече Салвини во изјавата, реагирајќи на реакцијата на партиите од левиот центар кои ги осудија претседателските амбиции на Берлускони.

Премиерот Марио Драги е меѓу најдобрите кандидати за оваа функција, но неговото промовирање како шеф на државата ќе им остави на партиите избор или да назначат нов премиер или да бараат нови избори една година пред предвиденото, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Турција: Офанзивата во Рафа уште едно воено злосторство на Израел

Италија се подготвува да ги забрани соларните панели на земјоделско земјиште

Трагедија во Италија: Пет работници загинаа од труење со отровен гас