Утрински Весник
Македонија

Дескоска:Ќе побарам донесување уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии

Дескоска:Ќе побарам донесување уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Министерката за правда Рената Дескоска на својот фејсбук профил објави дека ќе побара Владата да донесе уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии.
-Како министер за правда во чија надлежност е Законот за финансирање на политичките партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година. Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба. Солидарност на дело., напиша Дескоска на својот Фејсбук профил. сст/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски