Утрински Весник
Македонија

Десет моторни чистачи на снег за потребите на „Охридски комуналец“

Десет моторни чистачи на снег за потребите на „Охридски комуналец“

Охрид, 20 февруари 2020 (МИА) – Во охридското Јавно претпријатие „Охридски комуналец“ денеска беа презентирани новите моторни чистачи на снег со дувалка, набавени со средства од буџетот на Општината во износ од 722.200 денари.

Во рамки на презентацијата беше извршена и обука на вработените од Јавното претпријатие за ракување на новата механизација.

Моторните чистачи се наменети за расчистување снежни наноси од пешачките и велосипедските патеки како и од тротоарите. аб/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 35 отсто помалку загинати во сообраќајот – „Безбеден град“ дел од мерките на МВР

ОЈО отвори истрага за нападот врз лекар во поликлиниката „Букурешт“

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај Мостот „Гоце Делчев“