Утрински Весник
Свет

Десетици демонстранти уапсени на протести во Минск, меѓу нив и 73-годишна активистка

Десетици демонстранти уапсени на протести во Минск, меѓу нив и 73-годишна активистка

Белоруската полиција уапси десетици демонстранти кои се собраа денес во центарот на главниот град, барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко. Ројтерс пренесува дека, според очевидци, се уапсени десетици демонстранти кои се пресметале со полицијата.

Потоа, припадниците на агенциите за спроведување на законот им го блокирале патот и започнале да ги апсат насобраните граѓани, претежно жени.

Познатата опозициска активистка Нина Багинска е меѓу неколку десетици демонстранти уапсени денеска на протестите во Минск, пренесува ТАСС.

Нина Багинска, 73-годишна опозициска активистка е позната по своето активно учество на протестите во Белорусија во последните неколку години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австрија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за децата помлади од 14 години

Суд привремено ја блокираше забраната на Пентагон за користење на „Антропик“

Путин барал од олигарсите да помогнат во финансирањето на буџетот за воените трошоци