Утрински Весник
Македонија

Ден на жалост во Куманово

Ден на жалост во Куманово

Куманово, 25 февруари 2020 (МИА) – Во Куманово денеска е ден на жалост по повод трагичниот настан во Романовце во кој по експлозија на плинска боца загинаа три деца, а подоцна на повредите им подлегна и 58-годишен маж.
Вкупно беа повредени седуммина кои поради сериозноста на повредите се лекуваат на скопските клиники, а дел од нив се во тешка здравствена состојба.
Знамињата се спуштени на половина копје, а одложени се културните, спортските и забавните манифестации.
Одлуката за прогласувањето на 25 февруари за Ден на жалост вчера едногласно ја донесоа советниците на вонредна седница на Советот на општина Куманово.
Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општината најавија институционална и вонинституционална поддршка за семејствата Алими и Сакипи. ам/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче