Утрински Весник
Сцена

Денис Квејд се ожени зa 39 години помлада девојка

Денис Квејд се ожени зa 39 години помлада девојка

Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (/) – Глумецот Денис Квејд и неговата 39-години помлада девојка Лора Савоа се венчале тајно на почетокот на овој месец. За него, ова е четврти брак, а тоа дури сега го потврди за списанието „Пипл“.

– Беше убаво. Додека гледав во нејзините очи, сфатив дека таа е најубавата невеста. Сум бил во брак трипати, но сега сум сигурен дека ова е она вистинското. Чувствувам дека ја најдов вистинската жена во мојот живот, рече глумецот.

Свадбата првично беше планирана за април, за на Хаваи, со голем број гости, но свеченоста беше одложена поради ситуацијата со коронавирусот.

Конечно, Квејд (66) и Савоа месецов си ги размениле своите „Булгари прстени“. Патем, таа е помлада и од неговиот 28-годишен син.

– Не барав таква разлика во годините, односно некоја толку помлада од мене. Ја запознав на деловен настан и врската постепено се развиваше. Не можете да одлучите во кого да се вљубите. А, и јас не се вљубувам лесно, рече глумецот во тоа време. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка