Утрински Весник
Македонија

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата.

Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека на состанокот ќе бидат разгледани ставовите на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче, како и членовите на Комисијата. Тој посочи дека конечната одлука, сепак, зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување на целодневна настава.

Одговарајќи на новинарски прашања, Исјановски навести дека е можно затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.

„ Да, можно е повторно затворање на градинките“, рече Исјановски и додаде дека е можно и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата.

Со одлука на Владата, од оваа среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради коронавирусот, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка

Тешка кражба и полово вознемирување, кривични пријави за полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите