Утрински Весник
Свет

Денеска ќе нема евакуација во Мариупол, градот е без струја и вода

Денеска ќе нема евакуација во Мариупол, градот е без струја и вода

Меѓународниот комитет на Црвениот крст дознал дека евакуацијата на цивилите од Мариупол и Волноваха нема да се случи денеска, како што беше планирано, откако украинските власти ги одложија операциите, повикувајќи се на континуираното руско гранатирање во областа.

„Разбираме дека операциите за безбеден премин од Мариупол и Волноваха нема да започнат денеска“, се вели во соопштението на Црвениот крст.

„Остануваме во дијалог со страните за безбедно минување на цивилите од различни градови погодени од конфликтот“, се додава во соопштението.

Вработен во хуманитарната организација Лекари без граници претходно денеска ја опиша како очајна ситуацијата во опколениот Мариупол.

„Синоќа гранатирањето се приближуваше. Собиравме снег и дождовница за да имаме вода. Се обидовме да дојдеме до водата што ја делат властите, но редицата беше огромна“, напиша службеникот.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети