Утрински Весник
Македонија

Денеска умерено облачно со сончеви периоди

Денеска умерено облачно со сончеви периоди

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, претпладне се очекува сончево со умерена променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Можете да прочитате

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати

 Учество на министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Анкара, Турција

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје