Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево и топло, од утре невреме

Денеска сончево и топло, од утре невреме

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе
дува слаб до умерен северен, а во југоисточните делови југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Tемпературата ќе достигне до 34 степени.

Утре попладне и во вторник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и
засилен ветер. Во вторник локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со
пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно
ќе преовладува сончево и топло време.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тетовец измамен за 3400 евра со лажна сообраќајка

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус