Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево време, од утре дожд и заладување

Денеска сончево време, од утре дожд и заладување
Dik 300x250 mk

Времето претпладнево ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, информираат од УХМР.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Во вторник се очекуваат пообилни врнежи кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика температурите да бидат пониски и во следните денови.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во Центар

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија

Вработени на Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи