Утрински Весник
Македонија

Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Од УХМР најавуваат дека во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

Утре и во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер.

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Можете да прочитате

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош