Утрински Весник
Свет

Демонстрантите 17. ден по ред бараат оставка од бугарската влада

Демонстрантите 17. ден по ред бараат оставка од бугарската влада

Демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител се собраа и денеска на нови протести во Софија, 17. ден по ред.

Демонстрантите го запреа сообраќајот недалеку од зградата на Националното собрание, скандирајќи пароли како „Оставка“, пренесува БТА.

Премиерот Бојко Борисов неделава по двонеделните протести ја реконструираше владата, но демонстрантите и натаму бараат оставка на целата влада.

Претседателот, Румен Радев, исто така побара оставка од владата пред околу десетина дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег