Утрински Весник
Македонија

Демонстрантите со јајца по Собранието

Додека пред Собранието „Левица“ го изведуваше перформансот „ни крвават рацете за Македонија“, група момчиња донесоа јајца пред Собранието.

dobivaj vesti na viber

Додека едни оставаа отпечатоци од дланките на асфалтот, други почнаа со јајцата да фрлаат по Собранието.

Јаја фрлаат само група момчиња, додека останатите демонстранти мирно ги следат и продолжуваат со патриотски песни и скандирања „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“.

Перформансот со крвавите дланки и фрлањето јајца по Собранието се поклопи со говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред пратениците.

Можете да прочитате

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул

Неработен ден утре по повод Рамазан Бајрам