Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Чекор поблиску до ЕУ

Демократски сојуз: Чекор поблиску до ЕУ
Img 5587

Демократскиот сојуз го поздравува објавувањето на Предлог – преговарачката рамка од страна на ЕК за Македонија, со што нашата држава го направи решавачкиот исчекор за почеток на преговорите со ЕУ, кои според најавите, ќе започнат веќе кон крајот на годинава.

„Исклучително важен момент е што во Предлог – рамката повторно се користи терминот „македонски јазик“ без никакви условувања и додавки, што претставува промоција на македонскиот како иден официјален јазик на Унијата“, велат од ДС.

Ss1

И покрај задоволството од документот на ЕК, Демократскиот сојуз предупредува дека новата методологија предвидена во Предлог – рамката, подразбира мошне ригорозна контрола врз неопходните реформи, како и механизми за прекинување на преговорите со ЕУ доколку не се покажат очекуваните резултати.

Тоа, како што додаваат од Демократскиот сојуз, значи дека македонските власти ќе мораат максимално ангажирано и искрено да се посветат на преговорите, особено ако се знае дека тие ќе започнат со отворањето на поглавјата кои се однесуваат на исклучително болни точки во државата – реформи во јавната администрација, демократските институции и јавните набавки.

Текстот Демократски сојуз: Чекор поблиску до ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт