Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Нон-пејперот, сепак, постои

Демократски сојуз: Нон-пејперот, сепак, постои
300x250 (7)

Демократскиот сојуз смета дека документот со нови граници на Балканот постои како стратегија за наметнување нови кризи и вооружени конфликти, преку наводното создавање големи држави.

„Демократскиот сојуз со загриженост го следи развојот на настаните, изјавите и дебатите околу наводниот нон-пејпер за поделба на Западен Балкан и создавање чисти етнички држави. Последната анализа на угледниот британски медиум ‘Фајненшл тајмс’ недвосмислено упатува на пресметаноста на одредени кругови да го искористат евроинтегративниот вакуум на Западен Балкан за дестабилизација на регионот“, велат од партијата.

300x250 (7)

Од таму велат дека не отстапуваат од позицијата дека идеите за прекројување на границите на Балканот претставуваат опасна игра со потенцијал за тектонски нарушувања и датанилизација, како и нови граѓански војни во целиот регион.

„Во Македонија постои партиски и граѓански консензус на патот кон ЕУ, исто како што и Унијата мора да заземе многу поконструктивен став и конретни активности за проширување со држави од Западен Балкан. Во спротивно, ќе се зголемува бројот на нон-пејпери (веќе кружи нов за поделба на Косово) за прекројување на границите на Балканот, како и деструктивните активности за внатрешна дестабилизација на државите од регионот“, соопшти ДС.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт