Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Бенефициран стаж за здравствените работници

Демократски сојуз: Бенефициран стаж за здравствените работници

Демократскиот сојуз предлага на сите здравствени работници додека трае пандемијата да им се пресметува бенефициран стаж, за 12 месеци ефективна работа да им се пресметуваат 16 месеци, со зголемен процент да им се пресметува пензиската основа, а да се разгледаат и други погодности, како повеќе денови за годишен одмор и сл.

Воедно, партијата предлага Собранието да донесе резолуција за трајно одбележување и признание на здравствените работници за несебичното ангажирање и пожртвуваност за време на пандемијата.

„Демократскиот сојуз иницира расправа за овие предлози и очекува Владата и Собранието да ги преточат во соодветни законски решенија. Истовремено, апелираме најавеното зголемување на платите за здравствените работници да се реализира што е можно побрзо“, велат од ДС.

Од партијата додаваат дека соодветен респект заслужуваат и вработени во други области, како што се припадниците на полицијата, трговските работници во малопродажбата итн.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт