Деми Мур глуми и е извршен продуцент на сценариото за поткаст- серија насловена Dirty Diana.
Новата аудио драма се фокусира на пар кој што се обидува повторно да се поврзе среде неуспешен брак. Мажот и жената се соочуваат со брак што умира додека губат контакт со својата интимност.
Деми настапува заедно со Клас Банг, како двајца партнери кои се обидуваат да работат на нивниот брак и интимност, како што може да се слушне во првиот трејлер кој што процури преку „People“.
Dirty Diana, фиктивна серија од шест дела, започнува во понеделник, 13 јули преку подкаст.