Утрински Весник
Македонија

Демант од ЈП „Национални шуми“ на изјавата на дополнителниот-заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски

Демант од ЈП „Национални шуми“ на изјавата на дополнителниот-заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски

Скопје, 10 јуни 2020

Дополнителниот-заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски уште еднаш ја покажа својата неспособност со ширење лаги кои се веќе препознатливи за ДПМНЕ. Очигледното непознавање на функционирањето на ЈП Национални шуми, на овој кадар на ДПМНЕ кој што е платен со парите на народот, е само уште еден доказ за тоа дека ништо не е сменето кај ДПМНЕ. Ширењето на неосновани лаги и измислици е својствено за оваа партија. Дополнителниот-заменик министер Цветан Трипуновски требало прво да провери во Бирото за јавни набавки и да види кога се планираат и објавуваат посочените јавни набавки секоја година, согласно Законот за јавни набавки. Впрочем затоа и се викаат јавни набавки. Во изборен поткуп може само тој да верува, бидејќи нема што друго да прави.

ЈП Национални шуми е претпријатие кое е на самофинансирање и со многу работа и труд на сите вработени обезбедува финансиски средства за опстанок и нормално функционирање.

ЈП Национални шуми објавува постапки за Набавка на шумарски услуги за фазите сеча со дотур и превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти.

Во календарската 2020 година, ЈП Национали шуми, согласно Програмата за работа која е изработена во согласност со Посебните планови за стопанисување со шумите во склад со реалните можности, технички капацитети и човечки ресурси и со примена на техничките норми и нормативи во шумарството, го планира производството на дрвни сортименти.

Програмата за работа претставува еден од најзначајните документи на ЈП Национални шуми, со кој се детерминираат основните насоки на деловната политика, како и конкретните задачи кои треба да се остварат во тековната година.

За тековната 2020 година, согласно планираното производство на дрвни сортименти во Програмата за работа, ЈП Национални шуми објави постапки за набавка на шумарски услуги за фазите сеча со дотур и превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти, и тоа:

– Набавка на шумарски услуги за фази сеча со дотур на дрвни сортименти на 15.01.2020 година и втора постапка на 20.05.2020 година која е во тек.

– Набавка на услуга- превоз со утовар и растовар на дрвни сортименти на 21.02.2020 година

Планираните финансиски средства за набавка на овие услуги се од сопствени приходи, а не од буџетски средства и тоа врз основа на Програмата за работа и Планот за јавни набавки за 2020 година, донесени со Одлуки од УО на ЈПНационални шуми.

ЈП „Национални шуми – Скопје

_________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува реконструкцијата на сaлaта „Расадник“

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар