Утрински Весник
Македонија

Демант на директорот на ТОАРИЛУЦ за тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант на директорот на ТОАРИЛУЦ за тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 5 март 2020

Демант:

Почитувани медиуми, Почитувани граѓани,

Принуден сум да реагирам и да ги демантирам тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ г. Наум Стоилковски, претставени на прес-конференција на 03.03.032020 година, во која се манипулираат факти и аргументи кои се јавни.

Изнесените обвинувања се смешни и неосновани и не чувствувам потреба да реагирам, но заради почитувањето на јавноста сакам накратко да ја изложам тенденцијата за манипулација.

Јас, Илир Хасани, со најголема морална и правна одговорност, изјавувам:

  • Имотот што беше спомнат на конкретната прес-конференција, наводно купена од мене сега, е купен во 2015 година, во време кога не сум бил директор.
  • Имотот е купен од приватен и законски сопственик.
  • Овој имот, како и сè друго што го поседувам, во моментот на назначувањето за директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, се наведени во анкетните списоци на Антикорупциска Комисија.
  • Јас не сум и никогаш не сум бил советник на министерот за здравство Венко Филипче, а бев назначен за координатор на министерот за здравство, за трауматологија и ортопедија како кадар на ДУИ, во времето кога министер беше Арбен Таравари
  • За мојата работа како директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ, особено за јавните набавки, сум се стремел да бидам што е можно по транспарентен. Сите годишни извештаи се презентирани пред медиумите и јавноста, за секоја година, и истите продолжуваат да бидат објавени
  • Сите горенаведени точки можам да ги оправдам јавно со редовна документација.

Замолувам, да не се искривуваат фактите за потребите на дневната политика. Како прво, јас сум граѓанин што го почитува законот и како професионалец во мојата работа ги повикувам надлежните органи да ги испитаат сите мои постапки. Со најголема морална и правна одговорност изјавувам дека во ниту еден момент не сум го прекршил законот и сум во состојба да сведочам и да одговорам за се. Моето богатство е плод на мојата работа и на моето семејство, постигнато чесно и неуморно, а нај големо богатство ми се професијата, честа и мојот углед и на моето семејство!

Д-р Илир Хасан, директор на Клиниката ТOАРИЛУЦ

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер