Утрински Весник
Свет

Дел од огромната кинеска ракета ќе се урне некаде на Земјата, но не се знае каде

Дел од огромната кинеска ракета ќе се урне некаде на Земјата, но не се знае каде
Dik 300x250 mk

Дел од огромната ракета што го лансираше првиот кинески модул за вселенската станица Тијанх паѓа назад на Земјата, а не е познато на која локација на планетата може да падне.

Јадрото на ракетата „Долг март 5Б“, висока 30 метри, го лансираше модулот „Небесна хармонија“ во орбитата на Земјата на 29 април, пренесува „Гардијан“.

Тогаш „Долг март 5Б“ влезе во привремена орбита, отворајќи можност за еден од најголемите неконтролирани влезови во атмосферата. Некои експерти стравуваат дека ракетата може да падне во населено место, а падот се очекува на 10 мај.

„ Тоа потенцијално не е добро. Последен пат кога ја лансираа оваа ракета, нејзините големи метални делови летаа на небото и оштетија неколку згради на Брегот на Слоновата Коска. Повеќето изгореа, но огромни делови од металот паднаа на земја. За среќа, никој не е повреден “, рече Џонатан Мекдауел, астрофизичар на Универзитетот Харвард.

Дел од ракетата, според американската војска, орбитира околу Земјата со брзина од околу 27,600 километри на час на надморска височина поголема од 300 километри.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон