Утрински Весник
Спорт

Дел Боске за Нејмар: Тежок човек, не е добар пример за следење

Навивачите на Барселона не сакаат да се врати Нејмар

Мадрид, 6 април 2020 (МИА) – Поранешниот селектор на шпанската фудбалска репрезентација Висенте Дел Боске го сподели своето мислење за напаѓачот на ПСЖ, Нејмар.

– Тешко момче. Што се однесува до мене, тој не е добар пример за следење. Морам да кажам дека за мене ова е одличен играч. Ако ме прашате да ги именувам најдобрите пет играчи, Нејмар е дефинитивно на мојот список, но тој се обидува да делува нечесно на теренот, се преправа многу. Па, начинот на кој ја напушти Барса …, изјави Дел Боске.

Дваесет и осумгодишниот бразилски фудбалер Нејмар, кариерата ја започна во Сантос во 2009 година, од 2013 година стана член на Барселона, а пред три години потпиша за ПСЖ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина