Утрински Весник
Македонија

Делчевското обвинителство побара парични казни за четири лица​

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство соопшти денеска дека четири лица од Делчево не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час во деновите во викендот се движеле без дозвола.

Со тоа, тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството, како што наведува во соопштението, од Судот побарало на четворицата да им се изрече парични казни во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.​ см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор