Утрински Весник
Македонија

Делчевец обвинет за прекршување на полицискиот час

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство во Берово до Основниот суд Делчево поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице, пензионер на возраст над 67 години, затоа што на 24 април ја прекршил забраната за движење.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, лицето не постапило според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, односно одлуката за дополнување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

-Тој на 24.04.2020 година за време на забраната за движење, без дозвола за движење, се движел пеш низ градот Делчево, при што по излегувањето од Пензионерскиот дом во 17:45 од патрола на МВР Делчево бил запрен, контролиран и кривичното дело е откриено, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

За стореното кривично дело предложена е парична казна од 20 глоби, секоја од нив во износ од по 10 евра во денарска противредност.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац

Нов бран семејно насилство: Маж нападнал сопруга, син ја тепал мајка си