Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Делта-сојот најмногу се шири во области со мала покриеност на вакцинација, предупредува СЗО

Делта-сојот најмногу се шири во области со мала покриеност на вакцинација, предупредува СЗО
300x250 opst2

Случаите на Ковид-19 растат поради брзото пренесување на делта-сојот во области каде што опфатот на вакцинација е низок, соопштија претставници на Светската здравствена организација (СЗО).

„ Многу места низ светот каде што делта-сојот се шири, дури и во земји кои на национално ниво имаат високо ниво на покривање на вакцинацијата вирусот, самата варијанта делта, навистина циркулира во области со ниско ниво на покривање на вакцините и во контекст на многу ограничена и неконзистентна употреба на јавните здравствени и социјални мерки“, рече епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове.

Вакцините очигледно го спречуваат зголемувањето на бројот на тешки и смртни случаи од делта-сојот, додаде главниот научник на СЗО, Сума Сваминанатан.

САД вчера објавија повеќе од 1.000 смртни случаи од Ковид-19, што е еднакво на околу 42 жртви на час, според извештајот на „Ројтерс“, бидејќи делта-сојот продолжува да ги опустошува деловите од земјата со ниски стапки на вакцинација.

Можете да прочитате

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа

Путин: Горди сме што прифативме четири поранешни украински региони во Русија

Трамп на состанок со стотици генерали и адмирали