Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев
300x250 opst2

Делегации од Владата и од Кабинетот на ппретседателот на државата положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 118-годишнината од неговата смрт.

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

„Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност“, соопштија од Владата.

И делегација од Кабинетот на претседателот на Македонија предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка