Утрински Весник
Македонија

Делегации од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегации од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегации од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, по повод 20-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

Можете да прочитате

Незаштитен отвор за лифт кобен за Љушев: Кривични пријави против две фирми

СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите 

СДСМ ќе поднесе закони за повисоки плати: 600 евра минималец и замрзнување на платите на функционерите