Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на јавните површини и јавните институции во Чашка

Дезинфекција на јавните површини и јавните институции во Чашка

Велес  11 мај 2020 (МИА) – Општина Чашка  во координација со ЈПКД Тополка во саботата почна со дезинфицирање на улиците и јавните површини во населба Чашка, плоштадот и институциите.

Како што информираше градоначалникот Горан Стојановски, освен јавните простори,  дезинфицирани се просториите  на училиштето, градинката, полицијата, поштата, зградата на локалната власт, продавниците.

Утре  ќе се врши повторно  дезинфицирање во населбата Чашка, а  во наредните денови и  во некои од  поголемите населени  места во нашата општина – Горно Јаболчиште, Мелница Извор и други поголеми населени места.

Во Општина Чашка на 5 мај беа регистрирани првите двајца заболени со Ковид-19, а потоа бројот на заболени се зголеми на тројца кои се од две семејства. Во Чашка моментално  има и осум лица со решение за  изолација, информира Стојановски.

-Затоа апелирам до жителите на општина Чашка, а посебно до жителите на населба Чашка, да ги следат препораките на Владата и Министерството за здравство за задолжително носење  заштитни маски на отворено, како и да се одржува задолжително меѓусебно растојание, рече Стојановски.

Тој им препорача на жителите  да се придржуваат до ограничено движење во текот на работната недела, а посебно во деновите од викендот. ад/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме