Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дезинфекција на фреквентните улици по селските населби во Делчево

Дезинфекција на фреквентните улици по селските населби во Делчево
Img 7972

Делчево, 18 март 2020 (МИА) – Започнува дезинфицирањето на фреквентните улици по селските населби во Општина Делчево. Акцијата како што информираа од Општината денеска започнува од село Разловци.

– Акцијата ќе се реализира во соработка со екипите на Територијалната противпожарна единица Делчево, која што веќе започна со дезинфекција во од најоддалеченото село во општината, Разловци, каде ќе се дезинфицираат улиците во центарот на селото и оние каде има вообичаено поголема фреквенција, информираа од општината.

Акцијата како што додадоа ќе продолжи во селата Тработивиште, Вирче, Град, Стамер и Ѕвегор, односно во сите села од збиен тип.

– Дезинфекцијата се врши со раствор од хлор, а воедно информираме дека синоќа беше спроведена трета дезинфекција на фреквентните улици во градот Делчево, а дезинфицирањето на улиците ќе продолжи и наредниот период, како една од мерките за превенција од болеста со коронавирусот, донесена со Одлука на Советот на Општина Делчево и согласно со Препораките од Владата на РСМ, додадоа од Општината.

За реализација на оваа мерка, од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ информираа дека имаат нарачка од хлор во количина од 1.000 литри. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи