Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на улиците и јавните површини во општина Крива Паланка

Дезинфекција на улиците и јавните површини во општина Крива Паланка

Крива Паланка, 19 март 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка продолжува со интензивните активности за миење и дезинфекција на јавните површини и улиците во градот. Во акцијата покрај возила и вработени на ЈП Комуналец, со свои ресурси се вклучени и вработените на Територијална противпожарна единица Крива Паланка и приватни компании.

Во текот на вчерашниот ден и ноќта се одвиваше акција за миење на главните улици во градот и дезинфекција на споредните улици, а во тек на денов ќе се продолжи со дезинфекција на овие локации.  на тоа се врши редовна дезинфекција на јавни тоалети, клима уреди во рамки на институциите, а на сите куќни совети на стамбените објекти за колективно домување им се дадени задолженија да се изврши дезинфекција во влезовите и самите објекти, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Во текот на вчерашниот ден извршена е и дезинфекција на граничниот премин Деве Баир.

МВР, заедно со епидемиолошките и санитарните служби,  како и Пазарниот  инспекторат, прави редовна контрола на сите повратници од високо и средно ризични држави, како и контрола на веќе дадените мерки од страна на главниот координанитивен кризен штаб и општинскиот кризен штаб.

На граѓаните им се препорачува да останат дома и без неопходни потреби да не излегуваат. Апелирам да не се прават залихи од храна и хигиенски средства бидејќи има доволно за сите, истакна  Мицевски.ид/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС со само еден функционален авион: „Ер тракторот“ во Прилеп се користи превентивно

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следуваат обилни врнежи од дожд во Македонија, како и локално невреме

Уапсени девет дрвокрадци во Кичевско