Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на Зелениот пазар во Куманово

Дезинфекција на Зелениот пазар во Куманово

Куманово, 12 март 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово, изврши чистење и дезинфекција на Зелениот пазар како дел од мерките за превенција од ширење на коронавирусот.

-Јавното претпријатие „Пазаршита“ презема мерки за превенција од ширење на вирусот. Во текот на изминатите 48 часа извршено е перење на Зелениот пазар и спроведена е дезинфекција од страна на овластени стручни служби, изјави Душица Сеизовска Јовановиќ, од ЈП „Пазаришта” – Куманово.

Оттаму најавуваат дека денеска ќе бидат преземeни истите мерки на реонскиот Зелен пазар лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“.

Исто така и еден од превозниците на линискиот превоз во Куманово изврши деизнфекција на автобусите.

Воедно, вчера заседаваше и Општинскиот кризен штаб кој покрај препораката во целост да се почитуваат одлуките, заклучоците на Владата и Министерството за здравство, препорача редуциран линиски превоз, односно ќе се применува возниот ред кој важи за време на зимскиот / летниот распуст, дезинфекција на училишта и градинки. ам/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа