Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Дезинфекција и на воздухот во Кавадарци

Дезинфекција и на воздухот во Кавадарци
Img 7972

Кавадарци, 27 март 2020 (МИА) – Дезинфекција започна да се врши и на воздухот во Кавадарци, од синоќа, информираат од кавадаречката општина.

– Службите на ЈП ,,Комуналец”, покрај тоа што активно учествуваат во сите акции за дезинфекција на улиците и автомобилите кои влегуваат во градот, од синоќа започнаа со нова активност. Откако започнува полицискиот час, односно од 21 часот па се до 5 часот изутрина, се врши дезинфекција со специјално возило,  кое преку силен млаз на течност ги уништува сите честички кои го загадуваат воздухот и бактериите, соопштуваат од Општината.свд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа