Утрински Весник
Македонија

Дезинфекцирани 162 влеза на колективни згради во Општина Чаир

Дезинфекцирани 162 влеза на колективни згради во Општина Чаир

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Заврши акцијата за дезинфикација на 162 влеза во колективни згради на территоријата на Општина Чаир, како дел од превентивните мерки за заштита од вирусот Ковид-19.

– Откако се изврши дезинфекција на влезовите на колективните згради во населбите Стар Чаир и Топанско Поле, денеска овој витален процес за здравјето на граѓаните, Општина Чаир го продолжи и низ зградите на ул. „Џон Кенеди“, зградите во населбите Серава, Гази Баба, Саат Кула, Дуќанџик, колективните згради во зоната на Бит Пазар во близина на Трговскиот Центар „Мавровка“, информираат од прес-службата на општината.

Посочуваат дека со ова  е заокружена преземената акција која опфати дезинфекција на вкупно 162 влеза на колективните згради на територија на оваа општина.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седум лица приведени во ноќна акција на МВР

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Полицијата со низа интервенции: Насилство врз сопруги, партнери и малолетник во повеќе градови