Утрински Весник
Македонија

Дезинфекцирани влезовите во зградите и периферните улици во Струмица

Дезинфекцирани влезовите во зградите и периферните улици во Струмица

Струмица, 12 април 2020 (МИА) – Вработените во ЈПКД „Комуналец“ продолжија со дезинфекцијата на Струмица и населените места, при што денеска ги дезинфекциираа јавните површини и влезовите во зградите, периферните улици и контејнерите.

– Освен секојдневното миење на улиците со возило и дезинфекциско средство, се изврши дезинфекција во населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци, информираше Бранко Георгиев од ЈПКД „Комуналец“.

Втората голема aкција за дезинфекција во Струмица почна во петокот, по почнувањето на полицискиот час, кога екипи на комуналното претпријатие извршија дезинфекција на најфрекветните површини во центарот на градот и урбаната опрема. рт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

За три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, приведени 43 лица

Наводните задкулисни планови на претседателот Ердоган кон Македонија