Утрински Весник
Македонија

Девет лица од Тетовско услужени од Црвен крст за носење на храна, хигиенски продукти и лекови

Девет лица од Тетовско услужени од Црвен крст за носење на храна, хигиенски продукти и лекови

Тетово, 27 март 2020 (МИА) – Волонтери на општинската организација на Црвениот крст од Тетово денеска го извршија неделното доставување на храна, хигиенски производи и лекови до лицата кои имаат побарано таква услуга од нив во изминатите четири дена од седмицата.

Шкљќим Мурати, генерален секретар во општинската организација истакна дека ваквата помош денеска ја добиле вкупно девет лица.

– Од категоријата на стари и изнемоштени лица помош односно услуга да им се донесе храна, хигиенски производи и лекови имаат побарано две лица. На уште седум лица од повеќе места во Тетовско им е однесено таква помош, а станува за лица кои седат дома поради потребата од самоизолација, рече Мурати.

Заинтересираните граѓани оваа услуга може да ја добијат со јавување на телефонскиот број 044/336-374 секој работен ден од 09:30 до 13:00 часот.

– Трошокот за набавката ќе биде на тие што ја бараат услугата, односно самите треба да обезбедат средства за купување на храна и лекови. Граѓаните ќе можат да ја најават потребата секој работен ден, а услугата – дистрибуцијата ќе биде достапна еднаш неделно во петок, од 10:00 до 13:00 часот, рече Мурати.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски