Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Девет компании доставиле понуди на јаглен за РЕК Битола, понудите ги исполнуваат бараните количини

Девет компании доставиле понуди на јаглен за РЕК Битола, понудите ги исполнуваат бараните количини
Img 7972

Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) од каде додаваат дека понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен.

„Понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудника, потоа од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција. Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите. Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот“, се наведува во соопштението.

Од АД ЕСМ нагласуваат дека се во постојана комуникација со Владата и со ТЕЦ Неготино со цел стартување на термоелектраната.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут