Утрински Весник
Економија

Девет компании доставиле понуди за јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј

Девет компании доставиле понуди за јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј
Dik 300x250 mk

На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој појасни дека овие економски оператори дале пет понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј.

„Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, а понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понуди.

За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет“, рече генералниот директор на АД ЕСМ.

На повикот пристигнале понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

Ковачевски нагласи дека сега следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и потоа одлука за избор.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје