Утрински Весник
Македонија

Девет „дрвокрадци” oд Кичево, лишени од слобода

Кичевец физички нападнал шумски полицаец

Кичево,14 февруари 2020 (МИА) – Одделението за внатрешни работи Кичево, преземајќи мерки по оперативната акција „Гора“, приведе и од слобода лиши девет лица од Кичево. Оваа денеска го потврди портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, кој додаде дека се одземени и  две товарни моторни возила и шест коњи натоварени со нежигосано огревно дабово дрво, две моторни пили и друг алат и прибор.

Полициската акција „Гора”, се реализираше на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, како и во шумскиот појас кај кичевското село Челопетци. Дрвната маса, според портпаролот Димоски, е одземена и предадена на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави. рз/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК